7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританската BP повторно се враќа кон профит

Британската BP повторно се враќа кон профит

Нафтената компанија BP е најновиот претставник на секторот кој забележа силен раст на добивката во првиот квартал, засилувајќи го оптимизмот дека индустријата можеби поминала низ најлошиот период под драматичниот пад на цените.

Британскиот нафтен гигант соопшти дека се вратил кон профит во првите три месеци, искористувајќи од околу 60-процентно зголемување на цените на суровините од првите три месеци на 2016-та година и од повисоките производствени обеми.

Резултатите се позитивни финансиски податоци од најголемите нафтени компании во светот, неколку од кои се радуваат на најуспешните квартали повеќе од една година. Жестокото подобрување на финансиското претставување влева надеж на инвеститорите дека секторот можеби оди кон реконструкција, откако се бори за опстанок во позадина на силниот пад на цените на нафтата од летото на 2014-та година.

Во минатата недела „Exxon Mobil“ го забележа најдобриот квартал од 2015-та година, „Chevron“ забележа профит од 2,7 милијарди долари, откако забележа загуба за 2016-та година, а француската „Total“ изјави дека нејзиниот профит порасна за 77% во првите три месеци на годината. „Royal Dutch Shell“ треба да ги објави резултатите подоцна во оваа недела.

„ВР“ објави дека нето добивката изнесува 1,4 милијарди долари во првиот квартал во однос на загубата од 485 милиони долари за истиот период на претходната година.

Акциите на компанијата поскапеа за 2,4% во раната трговија во Лондон, откако инвеститорите реагираа позитивно на резултатите.

Оперативниот готовински тек, без плаќања поврзани со разлева во Персискиот залив од 2010-та година, се подобрил до 4,4 милијарди долари во првиот квартал, што и помогна на компанијата да ја задржи дивидендата на ниво од околу 10 центи по акција. Тоа влеваше доверба меѓу инвеститорите, кои беа силно вознемирени откако во февруари компанијата соопшти дека ќе има потреба од цените на нафтата од 60 долари за барел, за да излезе на нула во оваа година.

Се очекува цената на нафтата да биде под 55 долари подоцна во текот на годината, што одговара на очекувањата на компанијата дека цените ќе останат под притисок и покрај напорите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) да го ограничат производството и да ги поддржат цените.

Според „ВР“ нафтата ќе се тргува за околу 50-55 долари за барел во 2017-та година и веројатно нема да достигне повисока цена поради најсилното производство на шкрилци во САД, изјави главниот финансиски директор Брајан Гилвари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП