27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроКредит Банка со добри финансиски резултати

ПроКредит Банка со добри финансиски резултати

DSC_7762

2012 беше година со силни предизвици за реалниот и финансискиот сектор како во домашното така и во меѓународното макроекономско опкружување. ПроКредит Банка  ја заврши годината со позитивни финансиски резултати и раст на кредитното портфолио, зајакнувајќи ја поддршката кон бизнис секторот и бележejќи континуиран раст во портфолиото кон овој сегмент и во време на забавена економска активност.

Вкупното кредитно портфолио достигна 186 милиони евра што претставува раст од 13,2% споредено со 2011 г. – (растот на ниво на банкарскиот сектор во Македонија во 2012 г. изнесуваше 5,45%).

Банката ја заврши годината со профит од 2,6 милиони евра што е особено значајно и е потврда за нашиот одговорен и сериозен пристап кон банкарското работење. Процентот на кредити во доцнење во ПроКредит Банка изнесуваше  2,74%, далеку пониско од нивото на банкарскиот сектор од 10,49 %.

ПроКредит Банка започна со позитивни резултати и во првиот квартал од 2013 година, имено  кредитното портфолио порасна за 13,1% споредено со првиот квартал во 2012 а остварената нето добивка  изнесува 503.483 евра.

И во 2013 ПроКредит Банка останува силен финансиски партнер на македонските многу мали, мали и средни бизниси. Претприемачите ќе имаат активна и постојана кредитна поддршка за развојот на нивниот бизнис. Главен фокус ќе биде кредитирањето на производствениот сегмент, земјоделско и органско производство,  како и  енергетско ефикасните инвестиции.

DSC_7767

Сигурноста на банката и одличната услуга за клиентите придонесуваат за зголемување на бројот на штедачите во банката. За штедењето да биде уште полесно, Прокредит Банка воведе можност за штедење на штедна сметка со повисока каматна стапка и достапност на заштедата и преку банкоматите на ПроКредит Банка, како и подобрена платформа на електронско банкарство со можност за извршување меѓународен платен промет и електронско управување со штедни сметки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП