Американскиот ланец за брза храна „McDonald’s“ оствари поголем квартален профит поради подобрените деловни резултати на клучните пазари, како што се САД и Кина.
Нето добивката на компанијата во кварталот заклучно со 31 март достигна 1,2 милијарди долари, што е осум-процентно зголемување во однос на истиот период мината година, соопштија од „McDonald’s“, пренесува агенцијата Франс прес.
Приходите изнесувале 5,7 милијарди долари, што е за 3,9 проценти помалку во однос на истиот период лани и последица од продажбата на рестораните на „McDonald’s“ на франшизните компании.