28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо кечап против холестеролот

Со кечап против холестеролот

Кечапот не само што е вкусен додаток во пиците и другите тестенини, туку е и состојка која во прилична мера делува на зголеменото присуство на холестерол.

Само неколку капки кечап со појадокот или ручекот или две чаши сок од домати испиени во текот на денот значително ќе го намалат нивото на лош холестерол, тврдат научниците од финскиот Универзитет во Оулу.

До овој заклучок дошле врз основа на тринеделното истражување врз доброволци со висок холестерол. Кечапот или сокот од домати им бил даван за да им се намали ризикот од срцев и мозочен удар.

После три недели било заклучено дека вкупното ниво на холестерол кај тие лица се намалило за шест проценти, а лошиот, кој бил посебно анализиран, за дури 13 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП