8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИExxon не доби дозвола за ископување во Русија

Exxon не доби дозвола за ископување во Русија

САД нема да направи исклучок за некои американски компании, вклучувајќи и „Exxon Mobil Corp“ кои сакаат да испитуваат за нафта и гас во Русија, соопшти американскиот министер за финансии Стивен Мнучин, цитиран од агенциите.

Невообичаениот говор има за цел да разјаснат дека САД ќе продолжи да го поддржува цврстиот став за санкциите против Москва, забележува новинската агенција.

„По консултациите со претседателот Доналд Трамп, Министерството за финансии нема да им дозволи на американските компании, вклучувајќи и на „Exxon“, за истражување во забранети зони во предвид санкциите“, посочи Мнучин.

САД и Европската унија (ЕУ) воведоа економски санкции на Русија поради анексија на полуостровот Крим во 2014-та година и улогата на Москва во конфликтот во Украина. Санкциите ја принудија „Exxon“ – најголемата јавно тргувана нафтена компанија, да прекине со експлоатацијата во Арктикот.

„Го разбираме мислењето, изразено од министерот за финансии Стивен Мнучин“, коментира портпаролот на компанијата Алан Џеферс.

„Exxon“ побара и доби во 2015-та и 2016-та година дозволи да оперира со заедничко вложување со рускиот нафтен гигант „Роснефт“ во Русија, потсетува новинската агенција. Таа нагласува дека санкциите на ЕУ не и забрануваат на европски нафтени компании да работат во Русија, што најверојатно ја загрижи „Exxon“.

Неодамна „Wall Street Journal“ објави дека „Exxon“ побарала дозвола од Министерството за финансии на САД да остварува заедничко дупчење со „Роснефт“. Џеферс сепак наведува дека компанијата не сакала никакви дозволи откако Доналд Трамп е инаугуриран.

Ако Вашингтон и издаде такво овластување на компанијата, тоа би имало сериозен јавен одек, бидејќи нејзиниот поранешен извршен директор Рекс Тилерсон стана државен секретар на САД. Тој лобирал и пред американскиот Конгрес за укинување на санкциите против Русија и изразува јавна позиција, дека мерките се неефикасни и треба да бидат укинати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП