19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе бараат компромиси кои ќе го задржат ММФ во грчката програма

Се бараат компромиси кои ќе го задржат ММФ во грчката програма

Повеќе од една година Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) тивко повторува дека нема да учествува во спасувачката програма за Грција, загрижени од нереалните очекувања на европските кредитори за извршување на буџетот на земјата и одржливоста на долгот.

Долгот на Грција е веќе 326 милијарди евра, или 180% од големината на економијата на земјата. За да биде покриен овој долг Атина треба да ги земе во предвид сериозните буџетски годишни вишоци, а од ММФ се прашуваат дали тоа е реално очекување.

Медиумите потсетуваат за споровите кои ги има Фондот со останатите доверители на Грција, како и за незаинтересираноста на самата Атина, ММФ да биде дел од спасувачката програма. Според аналитичарите, институцијата и Германија, еден од главните противници на идејата за олеснување на грчкиот долг, ќе успеат да најдат компромис и Фондот да остане дел од спасувачите на нашиот јужен сосед.

Во позадина на европските избори никој не бара повторување на грчката криза, сметаат тие. Темата за грчката програма беше една од дискутираните за време на пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон во присуство на грчкиот министер за финансии Евклид Цакалотос.

„Имавме конструктивен дијалог за враќањето на мисијата (во Грција) во кој коментиравме за двете главни прашања на грчката програма – политиките и олеснување на долгот“, изјави официјално владејачкиот директор на Фондот, Кристин Лагард по средбата со Цакалотос.

ММФ, исто така има сериозна улога за долгот на Грција досега. Во 2010-та година на пример институцијата додели 30 милијарди евра заем за земјата, што е 30 пати повеќе од квотата која Грција ја должи за буџетот како член на Фондот. Тоа е еден од најголемите заеми во историјата на институцијата од нејзиното основање во 1944-та година.

Сега, сепак, за да се додели нов заем ММФ сака да види прво, дека Грција е финансиски одговорна за подолг период, а Европа да покаже дека ќе работи за одржливоста на грчкиот долг – со намалување на каматите и продолжување на рокот за плаќање.

И иако Атина изненади со многу подобрите од очекуваните фискални резултати, се уште сме далеку од категоричното мислење дали ќе учествува Фондот во спасувачката програма на земјата.

Во меѓувреме во јули Грција има да направи исплати на својот долг во износ од 7 милијарди евра. Земјата има потреба од договор за вториот преглед на програмата за да ја добие и следната транша. Токму со овие средства земјата ќе ги покрие своите обврски кон доверителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП