10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали ги соблекувате чевлите пред да влезете дома или влегувате со нив?

Дали ги соблекувате чевлите пред да влезете дома или влегувате со нив?

Луѓето, помеѓу останатото, можеме да ги поделиме и на оние кои се соблекуваат пред вратата од домот и оние кои во домот влегуваат со чевлите.

Најновото истражување, кое го водеше тим на истражувачи од Универзитетот во Хјустoн, покажа дека 26,4 проценти од чевлите на своите ѓонови ја поседуваат бактеријата Clostridium difficile, која може да предизвика патолошки состојби кај дигестивниот тракт.

Едно истражување од 2015 година исто така покажа дека 40 проценти од чевлите ја содржат и бактеријата Listeria monocytogenes.

Земајќи ги во предвид тие резултати, можеби е навистина паметно за вашето здравје да ги соблекувате чевлите пред да влезете во домот. Сепак не мора да значи дека овие бактерии се наоѓаат и на вашите чевли, но сепак за здравјето еден од најважните фактори е и хигиената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП