8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСпасителот на Агрокор, си замина по само 5 дена!

Спасителот на Агрокор, си замина по само 5 дена!

Антонио Алварез, кој требаше да биде главниот човек во реструктуирањето на хрватскиот концерн Агрокор, веќе ја напушта компанијата, пишува хрватскиот весник Вечерњи лист.

Финансискиот експерт, кој повеќе е познат по својата музичка кариера и човекот кој пред една недела влезе како спасител во Агрокор, неславно си заминува.

Како што весникот наведува, Антонио Алварез си оди од Хрватска, но неговите луѓе додаваат дека го чекаат следниот потег на стечајниот управник Анте Рамљак, кој во понеделникот беше назначен на оваа функција.

Алварез во компанијата дојде со задача до изврши преструктуирање на фирмата, но медиумите повеќе се интересираа за неговата успешна кариера како поп-пејач.

На прашањето за улогата на Алварез во иднина, стечајниот управник Рамљак во понеделникот изјави дека „тој ќе има можност во текот на краткиот процес кој ќе треба да се помине во следните две или три дена да даде понуда за моделот на преструктуирање. Меѓутоа, тоа не значи дека ние ќе го избереме неговиот, туку оној кој е најдобар“.

И на прашањето дали тој ќе биде консултант Рамљак одговори: „Да, но не е задолжително“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП