4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFoxconn може да потроши 27 милијарди долари за единицата со чипови на...

Foxconn може да потроши 27 милијарди долари за единицата со чипови на Toshiba

Тајванската компанија „Foxconn“ навести дека може да плати 3 илјади милијарди јени (26,99 милијарди долари) за единицата за чипови на „Toshiba“, пишува „Bloomberg“, повикувајќи се на анонимни извори.

Јужнокорејската „SK Hynix“ и производителот на чипови „Broadcom“ исто учествувале во наддавање за бизнисот, проценет на 2 илјади милијарди јени (17,98 милијарди долари) или повеќе според изворите.

„Toshiba“, вториот најголем производител на „NAND“ чипови по „Samsung Electronics“, размислува за продажба на мнозинскиот удел или на целата единица, додека се бори со отпишувањето на 6,3 милијарди долари од американската единица за нуклеарна енергетика „Westinghouse“.

„Toshiba“ и јапонските власти планираат да ги разгледаат понудите на јапонските кандидати, иако такви се уште нема според изворите.

Тери Гоу, основачот на „Foxconn“, изјави во март дека неговата компанија сигурно ќе наддава за бизнисот со чипови.

„Foxconn“, „Toshiba“, „SK Hynix“ и „Broadcom“ не сакаат веднаш да дадат коментар на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП