12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУметници од Косово со перформанс против стереотипите

Уметници од Косово со перформанс против стереотипите

Со голем перформанс на младите уметници од Косово, како дел од проектот под наслов АР 2016 (YOUNG ART 2016), вечерва во 19 часот во галеријата на Мала станица ќе биде отворена изложбата како дел од гостувањето на Националната галерија на Косово.

Перформансот во живо е на колективот насловен Haveit, составен од 4 креативки чии проекти, видеа, перформанси се социјално ангажирани, борбата за социјална и родова еднаквост на жените во патријархално Косово, против стереотипите и супрематот на машката популација во општеството.

Ова е досега најдобриот проект реализиран на Косовово сверата на современата концептуална уметност. Прогласен е за таков заради неколку причини: една од ретките изложби специјализирана за млади уметници до 40 години; организиран по светски стандарди и трендови, оценет од три независни комисии една од друга и тоа: селективно жири, кураторски тим и наградувачка комисија (сите три независни од Националната галерија и Министерството за култура на Косово).

Како што ни изјавија од Националната галерија, ова гостување на Косовската Национална галерија, ќе биде возвратено со македонско гостување што ќе се случи во ноември.

– Оваа изложба ја остваривме во соработка со Националната галерија на Косово. Ние сме нивни домаќини а целата организација како и трошоците за изложбата се на Министерството за култура на Косово. Но, според договорот ваква свежа презентација на наши уметници, Национална галерија со атрактивна изложба, возвратно ќе одржи во ноември во Косово, ни рекоа од НГМ.

Кураторите на проектот се Луизим Зекири и Мехмет Бехлули. За оваа изложба е направена селекција од целиот проект прикажана преку пет (5) автори и/или уметнички групни: Агрон Блакчори (првонаграден), Бујар Сулејмани, Колективот Haveit, Јетула Сулејмани и Луан Бајрактари. Куратори на проектот се Луизим Зекири и Мехмет Бехлули.

Интересни, актуелни, ангажирани и интерактивни дела на сите пет претставници/учесници на изложбата Young Art 2016 вреди да се видат, да се проследат интересите на младата косовска сцена која полека но сигурна го зазема своето место на светската арт мапа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП