27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suisse со масовна кампања против затајувањето на данок

Credit Suisse со масовна кампања против затајувањето на данок

Втората по големина швајцарска банка – „Credit Suisse“, реализираше големата рекламна кампања во европските весници денеска и во текот на викендот, за да ја изјави нултата толеранција кон даночно затајување, откако нејзини клиенти и високи функционери станаа предмет на меѓународна истрага за даночни измами, соопштија светските агенции.

Денес кредитната институција пуштила реклама на две страници во весникот „Фигаро“ во форма на отворено писмо до клиентите и јавноста.

Поврзани мислења има и во англискиот печат.

„Credit Suisse“ применува строга политика на нулта толеранција и сака да работи со клиенти кои ги платиле даноците и целосно ги декларираат своите средства, се наведува во промотивните текстови.

Властите во Европа и Австралија објавија во петокот голема координирано истрага за даночни измами и перење пари, како и дека има стотици осомничени во пет земји.

Шефот на одделот за управување на меѓународни средства на „Credit Suisse“, Икбал Кан изјави за „Bloomberg“ викендов дека разбрал дека истрагата е насочена само кон клиенти на банката.

Ова тврдење се чини спротивно на изјавата на британската служба за приходи и давачки, која посочи дека истрагата влијае на „високи функционери“ на „светска финансиска институција“.

Хан исто така, истакна дека е изненаден од времето на спроведување на истрагата, бидејќи „Credit Suisse“ има усвоено превентивна позиција против затајувањето на даноци во Европа.

Германија и Франција се дел од истрагата, како и Велика Британија, Австралија и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП