27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVerizon ќе го спои Yahoo со AOL под името Оаth

Verizon ќе го спои Yahoo со AOL под името Оаth

По купувањето на основниот бизнис на „Yahoo“, американскиот телеком „Verizon“ ќе го спои со својата компанија „AOL“ и ќе создаде компанија со името „Oath“. Извршен директор на новосфоримираната подружница ќе биде извршниот директор на „AOL“, Тим Армстронг.

Според него во „Oath“ ќе бидат концентрирани околу 20 марки, а повеќе детали ќе има во текот на летото, пренесува „Recode“, повикувајќи се на пост на „Twitter“ на самиот Армстронг.

Според извори на медиумот досегашниот шеф на „Yahoo“, Мариса Мајер нема да има место во новата компанија. И во моментов условите за нејзиното заминување уште се договараат, пренесува сајтот, но самото нејзино напуштање веќе не е изненадување. Интересно е дознае дали таа ќе успее да ги договори целосните компензации во акции и готовина кои принципиелно се вложуваат на менаџерите на големите западни компании, под услов за четирите години под нејзиното раководство интернет ветеранот ги доживеа двата големи интернет напади и контракција на бизнисот.

Извори тврдат дека раководството на компанијата ќе биде мешавина на директори на „Yahoo“ и „AOL“ и ќе се фокусира на производи и технологии за целата обединета компанија. Исто така не е јасно дали брендот „Yahoo“ ќе биде запазен, иако експертите не можат да замислат некој да ја остави така познатата светска икона толку лесно. И „AOL“ и „Yahoo“ одбиваат коментар.

Намалената до 4,8 милијарди долари трансакција се очекува да биде завршена во следниот месец, откако беше одложена поради проблемите со хакерските напади и финансиската и легалната комплексност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП