27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Војна“ за бизнисот со чипови на Toshiba

„Војна“ за бизнисот со чипови на Toshiba

„Apple“, „Amazon“ и „Google“ се активно вклучени во војната во наддавањето за купување на единица за „NAND“ меморија на „Toshiba“, пишува „Korea Herald“.

Според јапонските медиуми во моментов има барем 10 компании кои се заинтересирани за единица и сакаат да ја купат единица на „Toshiba“ што држи 20 отсто од пазарот за меморија. Во петокот „Nikkei“ веќе пишуваше дека американскиот фонд за приватен капитал „Silver Lake“ и американскиот производител на чипови „Broadcom“ и предложиле на „Toshiba“ околу 2 илјади милијарди вона (18 милијарди долари) за целата единица. Меѓу другите кандидати се најголемиот производител на слична меморија „Western Digital“, кој има фабрика за чипови заедно со „Toshiba“ во Јапонија, како и „Micron Technology“, јужнокорејскиот производител на чипови „SK Hynix“ и финансиски инвеститори, но исто така и „Foxconn“ и „TSMC“.

„„High-Tech“ американските компании „Apple“, „Google“ и „Amazon“ се претворија во следните атрактивни кандидати по „Western Digital“, а „Toshiba“ може да има стабилни врски на снабдување (за смартфони или сервери) од нив“, вели извор од индустријата за „Korea Herald“.

Во четвртокот акционерите на јапонската технолошка компанија го одобрија отцепувањето на единицата за чипови за меморија на компанијата, отворајќи го патот за продажба на овој бизнис. Концернот треба барем 9 милијарди долари, за да се справи со новите финансиски проблеми настанати поради неповолните договори на нивната американска нуклеарна единица, кои се закануваат иднината на конгломератот.

И „Apple“ и „Samsung“ се главни клиенти на единицата за „NAND“ меморија, додека „Google“ и „Amazon“ сакаат да го купат, за да ги набават компонентите за своите сервери за податоци, наместо да се потпираат на производителите на чипови.

Цените на флеш меморија на пазарот остануваат високи, а интересот на „Apple“ кон купување на единица се зголемува, бидејќи концернот од Купертно продолжува да ги зголемува капацитетите за складирање на своите „iPhone“ и „iPad“. Купувањето на единицата не само што ќе и обезбеди на „Apple“ можноста за дизајнирање на сопствена флеш меморија, но исто така би значело дека „Samsung“ ќе го изгуби својот главен клиент. Колку нуди „Apple“ како сума, засега останува непознато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП