8 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИToshiba ја одвојува единицата за чипови

Toshiba ја одвојува единицата за чипови

Акционерите на јапонската технолошка компанија „Toshiba“ го одобрија отцепувањето на единицата за чипови за меморија на компанијата, отворајќи го патот за продажба на овој бизнис, пренесува „Ројтерс“.

Сето ова се случува во услови на огромните загуби во единицата за нуклеарна енергетика „Westinghouse“. „Toshiba“ планира да го продаде мнозинскиот удел или целиот бизнис со чипови. Компанијата се надева дека ќе собере барем 9 милијарди долари и верува дека единицата ќе биде проценета на околу 18 милијарди долари.

Пред тоа извор, кој побарал анонимност, изјави дека „Toshiba“ ќе собере барем 1 илјада милијарди јени (8,8 милијарди долари) од продажбата на мнозинскиот удел од својот бизнис со чипови за меморија. Целта на компанијата е преку овој потег да се справи со новите финансиски проблеми.

Друг извор, запознаен со предметот, тврди дека околу 10 потенцијални кандидати се заинтересирани за купување на единицата. Меѓу нив се вбројуваат „Western Digital“, која има фабрика за чипови заедно со „Toshiba“ во Јапонија, како и „Micron Technology“, јужнокорејскиот производител на чипови „SK Hynix“ и финансиски инвеститори.

Вчера пак Бордот на „Toshiba“ ја одобри одлуката за започнување на постапка за стечај на нејзината американска единица „Westinghouse“, откако предупреди за можно отпишување на 6,2 милијарди долари од бизнисот со нуклеарна енергија.

На средбата на акционерите, која траеше повеќе од три часа, главниот извршен директор Сатоши Цунакава и другите директори биле соочени со лутите акционери и добиле доста прашања, откако минатата година менаџерите рекле дека зависат од единиците за чипови и за нуклеарна енергија, кои се главните за конгломератот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП