26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМексико на чекор до Мундијалот во Русија (видео)

Мексико на чекор до Мундијалот во Русија (видео)

Хавиер Чичарито Ернадез е ѕвездата на третото квалификациски коло за пласман на Мундијалот во Русија, во КОНКАКАФ зоната.

Напаѓачот на Баер Леверкузен го постигна првиот гол во победата на Мексико Костарика (2:0), вториот е дело на Араухо. Со овие два гола Чичарито стигна до бројката од 46 голови во дресот на националниот тим и се израмни на листата на најдобрите стрелци во историјата на мексиканската репрезентација со Хавиер Боргети.

САД стигна до првата победа под водство на Брус Арина. Американците го декласираа Хондурас со 6:0. Три гола постигна ветеранот Демпси, а по еденЛетгет, Бредли и Пулишуќ.

Молина со голот во 37.минута му донесе минимална победа на Тринидад и Тобаго во дуелот со Панама.

На табелата по три кола води Мексико со 7 бодови, еден повеќе од Костарика, Панама има 4 бода, а по 3 САД, Тринидаи и Тобаго и Хондурас.

Пласман на Мундијалот директно ќе изборат најдобрите три селекции, додека четвртопласираниот ќе игра дополнителен бараж против петтопласираната селекција од азиските квалификации.

Четвртото коло во КОНКАКАФ зоната ќе се одигра во вторник, а двојките се следни: Хондурас- Костарика, Тринидад и Тобаго-Мексико и Панама-САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП