24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Томе Пачаразлиев, дипл. машински инженер и сопственик на компанијата Транзит

Интервју со Томе Пачаразлиев, дипл. машински инженер и сопственик на компанијата Транзит

Разговор со Томе Пачаразлиев, дипл. машински инженер и сопственик на компанијата Транзит, која e една од првите фирми во Македонија која се занимава со увоз, дистрибуција и продажба на пневматици на територијата на Македонија, и која е овластен увозник за Македонија на пневматиците од програмата на GOODYEAR групацијата:  Goodyear, Dunlop, Fulda, Sava.

Денар: Каква е сообраќајната култура во Македонија, односно дали доволно луѓето се грижат за добрата состојба на нивниот автомобил?

Сообраќајната култура кај нас е на едно задоволително ниво, но евидентно е дека покажува и нагорен тренд.  Сепак тоа е нешто што се гради, а тука пресудно влијание имаат информациите со кои луѓето располагаат.  Сметам дека компаниите кои вршат продажба на автомобили и автомобилски компоненти, како експерти во својата област, имаат обврска за информирање и едукација на купувачите.  Пред се – важно е знаењето, а потоа тоа треба да стане навика.  Навиките ја прават културата.

Денар: Колку е важно за еден автомобил да има квалитетни пневматици?

Никогаш да не се заборави дека пневматиците се нашиот единствен контакт со патот. Целата моќност на моторот и кочниците, целата опрема и естетика на возилото, се е залудно ако не се тркала на квалитетни пневматици.  Сведоци сме дека доста често многумина за единствен фактор за одлука при изборот на пневматиците ја избираат цената.  Но, цената која ќе ја платите на почетокот – е само почеток.  Вашиот живот, животот на Вашето семејство се тркала на тие пневматици;  кому ќе му го доверите?  Доколку премиум брендовите се нешто што буџетот едноставно не го дозволува, тогаш вистински избор се квалитетните брендови – како на пример Sava или пак Fulda.  Нивното долгогодишно присуство на нашиот пазар е резултат на големата доверба која ја имаат кај купувачите.  А довербата е резултат на позитивните искуства.

Денар: Дали е препорачливо зимските гуми да се заменат со летни, иако не постои законска обврска?

Секако дека да;  можеби нема да го прекршите законот, но ќе ја искршите Вашата безбедност, а и буџет.  Наместо верно да Ве служат следната зима, Вашите зимски пневматици добро ќе се истрошат на летните жештини, а притоа и по цена на безбедноста – управливоста и кочењето се видно намалени.  Замислете дека треба да направите брз маневр, а Вашите гуми се меки и лизгави, со што управливоста битно се намалува.  Исто така, растојанието на кочење со зимските гуми во лето е поголемо.

Денар: Од кога постои Транзит, и што се вклучува вашата продажна програма? Со кого најчесто соработувате?

Транзит постои 24 години, а пневматиците ни се главна дејност.  Работиме со брендовите на Goodyear групацијата – Goodyear, Dunlop, Fulda, Sava, Debica, но нашата понуда вклучува и Michelin, Tigar, Riken, Starfire итн.  Освен патничките, ги работиме и теретните пневматици.  Работиме големопродажба и малопродажба на патнички пневматици, како и продажба на теретни пневматици главно на транспортни компании.

Денар: Што е важно за развој на една компанија. Колку вложувате во вашите вработени, и во односите со клиентите?

На почетокот – тоа се квалитетни производи и услуги.  Без нив, се останато нема никаква смисла.  Но, кога тоа веќе го имате – следуваат вработените – тие се носечката сила на компанијата.  Инвестициите во нивниот развој и грижата за нив за нас е врвен приоритет.  А кај односите со клиентите – познати сме по својата флексибилност и прилагодливост.  Производите, вработените и релациите со клиентите се трите столба за успех на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП