16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈапонските власти тврдат дека не размислуваат за спасување на Toshiba

Јапонските власти тврдат дека не размислуваат за спасување на Toshiba

Јапонската влада не размислува да превземе мерки за поддршка на технолошката компанија „Toshiba“, соопшти „Ројтерс“. Властите во Токио ќе разменат информации со Вашингтон за развојот на фирмата и околу нејзината единица за нуклеарна енергија „Westinghouse“.

Главниот секретар на кабинетот Јуошихиде Суга посочи дека Владата внимателно ќе го следи продажбата на „NAND“ – бизнисот на „Toshiba“ со чипови за меморија. Тоа е најголемиот таков производител во светот по „Samsung Electronics“.

Иако владата категорично изјави дека нема да ја спасува „Toshiba“ велат запознаени извори дека фондот, поддржан од државата може да инвестира како малцински акционер, за да спречи продажба на компании кои претставуваат ризик за националната безбедност.

„Бизнисот на „Toshiba“ е многу конкурентен на глобално ниво и е важен, што се однесува до зачувување на работните места во Јапонија“, рече Суга за време на брифингот. „Покрај тоа, од гледна точна на информациската безбедност за флеш меморијата се очекува да добива се поголемо значење“, додава тој.

Кризата во „Toshiba“ се продлабочи оваа недела, наведува „Ројтерс“. Технолошката компанија уште еднаш го одложи објавувањето на извештајот за третото фискално тримесечје, што заврши на 31-ви декември 2016-та година. Покрај тоа фирмата најави дека размислува да го продаде мнозинскиот удел во „Westinghouse“ – бизнис, кој стои во основата на нејзините финансиски проблеми.

Во петокот рејтинг агенција „Standard & Poor’s“ го намали рејтингот на „Toshiba“ со два чекори до „CCC-“ со образложение дека е се поголема веројатноста конгломератот да не успее да ги исполни финансиските обврски навреме. Според „S & P“ доверителите на „Toshiba“ веројатно тешко би ги прифатиле последователните барање за финансирање особено со оглед на фактот дека берзата ги поставила акциите на компанијата под надзор поради недоволните подобрувања во внатрешната контрола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП