1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовата Cyprus Airways наскоро ќе започне со операции

Новата Cyprus Airways наскоро ќе започне со операции

Авиокомпанијата, која го купи брендот на поранешниот кипарски авиопревозник „Cyprus Airways“, затворен во 2015-та година, доби сертификат за цивилно воздухопловство и се подготвува да започне со летови, посочи претставник на раководството на компанијата.

„Ова е важен чекор напред за нас, бидејќи тоа значи дека нашиот пристап ги задоволува европските критериуми во областа на цивилната авијација“, вели Наталија Попова, комерцијален директор на новата „Cyprus Airways“.

Авиокомпанијата изврши пробен лет на 4-ти март меѓу Ларнака (Кипар) и Ираклион (О. Крит, Грција) со авион „Airbus А319“, за да го добие одобрението.

„Компанијата побарала и дозвола за комерцијални летови“, додаде Попова. „Ние сме во последната фаза на подготовка пред почетокот на нашите летови“, забележува таа без да го посочи датумот за првиот лет.

Четириесет проценти од „Cyprus Airways“ се сопственост на руската компанија „S7“, а остатокот на домашните инвеститори. Во јули минатата година компанијата го доби правото да го користи брендот и логото на поранешната кипарска авиокомпанија во текот на 10 години за сума од 2,04 милиони евра.

Новата „Cyprus Airways“, базирана во Ларнака, се очекува да нуди летови помеѓу Кипар и Русија, Велика Британија и други европски дестинации.

Кипарската национална авиокомпанија „Cyprus Airways“ беше затворена во јануари 2015-та година, откако не можеше да ги врати добиените милионите евра државна помош според одредбите на Европската унија за државни субвенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП