7 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba непријатно ги изненади инвеститорите со новото одложување

Toshiba непријатно ги изненади инвеститорите со новото одложување

Јапонската технолошка компанија „Toshiba“ нема да го испочитува крајниот рок за објавување на финансиските резултати за третото фискално тримесечје. Одлуката нанесе удар врз довербата на инвеститорите, пишува „Bloomberg“.

Компанијата најави продолжување до 11-ти април, бидејќи сака повеќе време за да може да го заврши ревизорскиот преглед на резултатите за пресметковниот период, кој заврши на 31-ви декември.

Акциите на „Toshiba“ ја намалија својата вредност со 8,8% за време на утринската трговија, а тоа беше најголемиот пад во текот на денот од речиси три недели.

Во центарот на проблемите на „Toshiba“ е американската единица за нуклеарна енергија „Westinghouse Electric“ што може да отпише 712,5 милијарди јени (6,2 милијарди долари).

„Toshiba“ мораше да ги објави финансиските резултати денес, но изјави дека има потреба од повеќе време, бидејќи прави внатрешна истрага во единицата во САД. Покрај тоа откри дека поради доцнењето не успеала да добие потпис од ревизорите на извештајот.

Во изјавата денес, „Toshiba“ вели дека нејзиниот ревизор не смета дека истрагата во „Westinghouse“ ќе има големо влијание врз нејзиниот бизнис и нема да има потреба да ги ревидира првичните предвидувања за финансиските резултати.

Претходно денеска „Toshiba“ објави дека размислува за продажба на мнозинскиот удел во делот за нуклеарна енергија во „Westinghouse“, бидејќи компанијата се соочува со одложувања на изградба и отпишување на милијарди долари од овој бизнис, пишува „Bloomberg“.

Компанијата со седиште во Токио ја оценува позицијата на „Westinghouse“ во групата и може да се стигне до деконсолидација преку продажба на контролниот удел.

„Toshiba“ ги пропуштше роковите за објавување на извештаите и порано. Тоа се случи два пати во врска со скандалот со билансот во 2015-та година. Потоа таа го одложи извештајот за околу четири месеци. Теоретски нема ограничување за тоа колку пати една компанија може да аплицира за продолжување на овој период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП