2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLego објави рекордни приходи за 2016-та година

Lego објави рекордни приходи за 2016-та година

lego kockite 353

Компанијата за играчки „Lego“ објави  дека за годината до 31-ви декември забележа приходи од 37,9 милијарди круни (5,4 милијарди долари), што е за 6% повеќе од 2015-та година. Нето добивка достигна 9,44 милијарди круни од 9,2 милијарди круни во 2015-та година, а оперативната добивка е зголемена за 1,7% до 12,4 милијарди круни.

Ова е клучен момент за „Lego“, која е исправена пред предизвикот да го одржува силниот раст, со кој е навикната во Европа и во САД, додека во исто време влегува на нови пазари, како Кина и Индија.

Во почетокот на 2017-та година, Британецот Бали Пада, кој претходно беше главен оперативен директор на „Lego“, стана извршен директор, претворајќи се во првиот шеф на компанијата од нејзиното основање во 1932 година, кој не е од Данска.

Пада изјави дека продажбата во САД останала без промена во однос на претходната година и дека „Lego“ планира да работи со трговците, за да најде нови начини за раст во земјата.

Во септември „Lego“ соопшти дека продажбата за првите шест месеци во САД исто така се со нула промена, обвинувајќи ги синџирите за снабдување за ова одложување. Компанијата вели дека ги зголемила можностите за снабдување за да се задоволи побарувачката во втората половина на 2016-та година, потенцијално удвојување на капацитетот на фабриката во Монтереј, Мексико.

„Lego“ започна работа на проекти надвор од легендарните коцки, создавајќи производи како „Lego Boost“, кој комбинира компјутерско програмирање со пластичните тули, како и други кои користат паметни телефони, за да ја поврзат физичката и дигиталната игра. Во февруари „Lego“ стартува апликација која функционира како мини социјална мрежа, овозможувајќи им на децата да го споделат она што градат онлајн.

„Lego“ долго време се бори со американскиот конкурент „Mattel“ за првото место како најголема компанија за играчки во светот. Продажбата за 2016-та година на компанијата, сепак ја поставува по „Mattel“, која најави во јануари дека нето продажбата е 5,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП