17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank се подготвува за зголемување на капиталот

Deutsche Bank се подготвува за зголемување на капиталот

dbank333

Најголемата германска банка „Deutsche Bank“ ги презема првичните чекори за зголемување на капиталот во износ од околу 8 милијарди евра, како и на дополнителни стратешки мерки.

Како што објави банката, кон нив спаѓаат останувањето на „Postbank“ во рамките на концернот (претходно се предвидуваше нејзината продажба) и интеграцијата со германскиот приватен и корпоративниот бизнис.

Покрај тоа менаџерите на банката ја разгледуваат и можноста за продажба на малцинскиот удел во „Deutsche Asset Management“ преку процес на „ИПО“ (IPO). Чекорите сепак ќе бидат преземени во зависност од пазарните услови и одобрение на Извршниот и на Надзорниот одбор, појаснува банката. Досега се уште не се преземени никакви одлуки, се вели во соопштението на компанијата.

Пред тоа „Ројтерс“, повикувајќи се на „извор кој е запознаен со плановите“, дека инвеститорите и службениците на банката ќе добијат до почетокот на април информација за тоа со каков бизнис модел најголемата германска банка има намера да влезе во иднина. При тоа и темата за зголемувањето на капиталот веќе не било „табу тема“. „Ако се пристапи кон зголемување на капиталот, тогаш тоа ќе биде во поголем обем“, цитира „Ројтерс“ внатрешен извор.

Следната редовна седница на Надзорниот одбор е закажано за 16-ти и 17-ти март. Конечната одлука за стратегијата не се очекува до крајот на март. Според агенција „Bloomberg Deutsche Bank“ ги проучува и опциите за тоа како да ја зајакне својата капитална база и веќе не ја исклучува можноста за зголемување на капиталот.

Акциите на „Deutsche Bank“ реагираа негативно на вестите. Тие се намалија уште пред официјалното објавување на пораката и дури забележаа привремен пад за 3,6 отсто. На крајот намалувањето на денот во петокот беше од 1,29 отсто до 19,14 евра за акција (19,39 евра за акција во четвртокот). Од рекордно ниската вредност во износ од 9,90 евра во септември, акциите забележаа стабилно закрепнување, што ќе и овозможи на банката полесно да собере пари на пазарите на капитал. Најголемиот акционер Катар сигнализира веќе и поддршката за ваков план. Помош може да покаже и неодамна влезениот во банката кинески инвеститор „HNA“.

Но дури и тие сакаат пред тоа да го видат стратешкиот распоред на мерките пред да внесат нови инвестиции кои се бескорисни засега за банката, која продолжува да страда поради бројните проблеми од минатото. Последната голема капитална мерка се случи пред помалку од три години – тогаш банката натрупа 8,5 милијарди евра. Само новиот главен акционер Катар придонесе со повеќе од 2,2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП