28 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад од 18 проценти на нето добивката на Deutsche Telekom

Пад од 18 проценти на нето добивката на Deutsche Telekom

Deutsche-Telekom

Германскиот телекомуникациски гигант „Deutsche Telekom“ забележа пад на нето добивката во 2016 година поради обезвреднување на уделот во „British Telecom“, во светло на гласањето за Брегзит.

Нето добивката на „Deutsche Telekom“ опадна за 18 проценти на 2,67 милијарди евра (2,8 милијарди долари), наведе компанијата во соопштението, а пренесува агенцијата АФП.

Аналитичарите очекуваа дека компанијата ќе прокнижи добивка од 4,54 милијарди долари.

Главната причина за падот на профитот е загубата од 2,2 милијарди евра од 12-процентниот удел на „Deutsche Telekom“ во „British Telecom“ поради „слабеењето на цената на акциите на британскиот телекомуникациски оператор поради падот на фунтата по референдумот за Брегзит“, наведе германската групација.

Од „Deutsche Telekom“ порачаа дека падот на добивката нема да влијае на исплатата на дивиденда на акционерите.

Светските пазари беа целосно затекнати со гласањето на Британците, во јуни минатата година, за излез на земјата од Европската унија, што предизвика долготрајна неизвесност и несигурност во поглед на идните односи на Лондон и Брисел.

Се очекува дека британската премиерка Тереза Меј официјално ќе го покрене „разводот“ од ЕУ на крајот на овој месец, а тој процес би требало да трае околу две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП