15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon ќе отвори над 5.000 работни места во Велика Британија

Amazon ќе отвори над 5.000 работни места во Велика Британија

uk amazon33

Онлајн трговецот на мало „Amazon“ планира да создаде повеќе од 5.000 работни места во Велика Британија во текот на оваа година, објави компанијата. Сето тоа е дел од зголемувањето на нејзините инвестиции во земјата, која се подготвува да ја напушти Европската унија (ЕУ), пренесува „Ројтерс“.

„Amazon“, како и други технолошки гиганти како „Google“ и „Apple“, се насочи повеќе кон Велика Британија во минатата година, велејќи дека одлуката од референдумот во минатиот јуни не влијае на нејзините инвестициски планови.

Одлуката да додаде над 5.000 работни места во 2017-та година е рекордно за „Amazon“ во земјата, откако претходно отворени 2.000 од овие места. Потегот ќе ја зголеми постојаната работна сила на компанијата на Островот до 24.000 лица.

Даг Гур, менаџерот на „Amazon“ за Велика Британија, изјави дека работните места ќе дозволат „дури побрзо снабдување и поголем избор и поголема вредност“ за британските клиенти.

Новата централа на „Amazon“ во Лондон ќе биде со капацитет за над 5.000 лица до крајот на оваа година, истакнуваат од компанијата. Концентрацијата на технолошки експерти во Лондон е цитирана од многу компании кои го сметаат градот за атрактивно место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП