11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦукерберг ќе работи за Фејсбук за еден долар

Цукерберг ќе работи за Фејсбук за еден долар

mark_zuckerberg_hd_wallpapers_images

Фејсбук потврди дека Марк Цукерберг, основачот и извршен директор на социјалната мрежа Фејсбук, ќе има плата од само еден долар оваа година.

Тој исто така нема да добие никакви дополнителни бонуси.

Сепак, основачот на Фејсбук нема да осиромаши, поради тоа што има голем број на акции во неговата компанија. Минатата година, кога Фејсбук излезе на берза се проценуваше дека Цукерберг има 2,3 милијарди долари во акции.

Платата од еден долар е симболична, бидејќи компанијата треба да ги плаќа своите вработени, а работа без плата не доаѓала во предвид. Иако приходот од еден долар не звучи подобро отколку да се работи за ништо.

Платате од еден долар стана традиција меѓу екстремно богатите директори чии приходи всушност доаѓаат со раст на акциите во компанијата.

И Стив Џобс имал плата од еден долар, кога тој се вратил да биде извршен директор на Apple во 1998 година. Тој, исто така не ги земал ниту бесплатните акции после 2003 година. И во 2005 година, ко-основачите на Google Лари Пејџ и Сергеј Брин, заедно со генералниот менаџер на компанијата Ерик Шмит, исто така, одлучиле да си ги намалат своите плати на еден долар. И додека Пејџ и Брин се задржале на таа плата, Шмит, кој денес се наоѓа на позиција претседател на Извршниот одбор, има плата од неколку милиони долари.

Меѓу извршните директори кои припаѓаат на клубот “плата од еден долар” е директорот на “Oracle” – Лери Елисон, “Tesle” – Елон Муск, “Zynga-е” – Марк Пинкус и “HP” – Мег Витман.

Џери Јанг, извршниот директор на Yahoo, минатата година, исто така, имал плата од еден долар.

Освен менаџерите од областа на технологијата и директорите од другите области самите си ги намалиле платите на еден долар. Толкава плата има Ричард Фербанк од компанијата “Capital One”, Ричард Хајн од “Urban Outfitters ” Коста Каркотис од “Fossil”, Ричард Киндер од “Kinder Morgan” и Џејмс Роџерс од “Duke Energy”.

Сепак, иако Цукерберг се откажа и од бонусите, тој се уште ќе биде во можност да ги користат приватните авиони на Фејсбук за бизнис патувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП