26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: МЗТ ја декласира Крка

АБА лига: МЗТ ја декласира Крка

josh-scot-680x365_c

Невообичаениот пладневен термин не им пречеше на кошаркарите на МЗТ Скопје убедливо да ја совладаат Крка со 89:65 (27:21, 14:19, 22:13, 26:12 ) , во рамките на 22.коло во АБА лигата. МЗТ со осмата победа се искачи на 10-то место на табелата, додека Крка остана на последното место со само седум победи колку шти имаат Морнар и Задар.

МЗТ го одигра најдобриот меч сезонава во регионалната лига и на крајот убедливо славеше против директниот конкурент во борбата за опстанок во лигата.

Македонскиот шампион делуваше шутерски беспрекорно во првиот период, неговите играчи промашија само три шутеви од поле, но тој ритам Крка успеа да го испрати и да има само шест поени негатива по стартните 10 минути.

Вториот период донесе израмнета игра, бидејќи МЗТ не успеа да воспостави контрола во дефанзивниот скок, во финишот Луковиќ и Ребец реализираа 2+1 за 41:40 на полувремето.

Стартот на третата четвртина донесе период во кој двата тима погодуваа во серии, најпрвин Дреновац го однесе МЗТ на разлика од осум поени, но Крка веднаш со серија од шест кошеви се врати во мечот.

МЗТ, како што се покажа на крајот прашањето на победникот го реши во последните три минути од третата четвртина кога со серија 9:0, прв пат стекна двоцифрена предност (59:48). во таа серија Ван Остром постигна пет поени.

Во последниот период МЗТ лесно ја одржуваше двоцифрената предност, а на три и пол минути до крајот со поените на Тејмс и тројката на Симоновски стигна до плус од 20 поени во однос на противникот.

Играч на мечот беше Џош Скот кој повторно забележа „дабл-дабл“ (24 поени, 13 скокови, индекс 25) и ја истакна кандидатурата за најдобар играч во ова коло.

Покрај Скот двоцифрен број на поени постигнаа уште Ксавиер Тејмс (16), Ѓорѓе Дреновац (14 поени, 5 скока, 4 асистенции) и Шарлон Клоф (13 поени).

Во наредното коло кошаркарите на МЗТ Скопје ќе гостуваат кај ФМП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП