2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Commerzbank се намалува, но помалку од очекуваното

Профитот на Commerzbank се намалува, но помалку од очекуваното

comercbanka303

Втората по големина банка во Германија, „Commerzbank“ забележа квартални резултати кои ги надминаа очекувањата. Банката го зголемува бројот на клиенти и извлекува корист од продажбата на средства, соопштува „Bloomberg“.

Нето добивката се намалува за 5,2% до 183 милиони евра, бидејќи банката со седиште во Франкфурт, одвои повеќе средства за проблематични кредити во индустријата на трговскиот превоз. Аналитичарите, анкетирани од „Bloomberg“, очекуваа добивката да е 170,3 милиони евра.

Соодносот на основен капитал од прв ред (CET1), што е клучен показател за финансиска стабилност, се зголемува со половина процентен поен.

„Количината издвоени средства за загуби од кредитирање беше во склад со очекувањата, но силното зголемување на „CET1“ беше пријатно изненадување“, коментира Нил Смит, аналитичар во „Bankhaus Lampe“, и препорачува купување на акции на „Commerzbank“.

Во одговор на ниските каматни стапки и построгите регулативи извршниот директор Мартин Цилке изјави во септември дека планира намалување на 9.600 работни места, ги запира дивидендите и ја стеснува трговијата со хартии од вредност. Тоа е најголемата реформа во „Commerzbank“ од финансиската криза, па наваму. Во следните 4 години Цилке планира да ја зголеми базата на потрошувачи од поединци со 2 милиони луѓе.

Акциите на „Commerzbank“ пoевтинија со 1,55% на берзата во Франкфурт.

Единицата за приватни и мали корпоративни клиенти додава околу 140.000 нови клиенти во четвртиот квартал. Во овој период оперативната добивка на таа поделба расте со 3,5% на годишна основа, откако намалените трошоци компензираат пад на приходите. Единицата за корпоративни клиенти предвиде скок од 40% на оперативната добивка.

Планираните мерки за преструктуирање, вклучувајќи го намалувањето на работни места, би требало да ги намали трошоците до 6,5 милијарди евра и така односот трошоци кон профит да падне под 66% до 2020-та година. „Commerzbank“ не предвидува да продолжи со исплатата на дивиденди, додека не го одржи поголемиот дел од намалувањата на персоналот во 2019-та година.

Негативните каматни стапки ја намалуваат нето добивката од камати со бруто 277 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП