3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCanon очекува раст на годишниот оперативен профит

Canon очекува раст на годишниот оперативен профит

canon3322

Јапонскиот производител на камери и печатари, „Canon“ прогнозира дека годишниот оперативен профит ќе се зголеми за 11,4%. Ова е прв раст на показателот од пред три години.

Резултатите се поттикнати од профитот на единицата за медицинска опрема, што компанијата ја купи од „Toshiba“ во минатата година.

Договорот од 5,8 милијарди долари за делот што прави скенери и машини за очни прегледи, е дел од стратегијата на „Canon“ за диверзификација на бизнисот, додека побарувачката на камери, принтери и копирни машини слабее во позадина на ширењето на смартфоните и дигиталните медиуми.

Компанијата предвидува дека нејзиниот оперативен профит ќе се зголеми до 255 милијарди јени (2,3 милијарди долари) во оваа година од 228,9 милијарди јени во претходните 12 месеци. Износот одговара на средната оценка на аналитичарите за 254 милијарди јени, според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Оперативната добивка во кварталот падна со 25,1% до 80,2 милијарди јени во однос на истиот период од претходната година. Падот се должи пред се на зајакнувањето на јенот по гласањето во Велика Британија за напуштање на Европската унија (ЕУ). Сумата се покажа под консензус прогнозата на четворица аналитичари за 88,5 милијарди јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП