27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAldi влегува на кинескиот пазар

Aldi влегува на кинескиот пазар

aldi

„Aldi“ најави планови за влез на кинескиот пазар со онлајн понуда, а продавници во таа земја би можеле да бидат отворени до крајот на 2017 година.

Овој германски трговец најавува дека во вториот квартал ќе покрене онлајн трговија која ќе понуди тесно избран асортиман на секојдневни намирници. Се надеваат дека физичките продавници ќе ги отворат нешто подоцна.

Ќе биде тоа прв пат „Aldi“ да влезе на некој пазар со онлајн трговија, а претходно дa не воспоставил мрежа од физички продавници во некоја држава.

Германскиот малопродажен ланец за оваа цел ќе се послужи со својата австралиска подружница поради предностите кои му ги дава постоечката дистрибутивна мрежа.

„Познато ни е дека постои голема побарувачка кај кинеските купувачи за австралиски производи и целта ни е да ги снабдиме купувачите кои бараат квалитетни намирници со ценовно прифатливи алтернативи“, велат од „Aldi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП