27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVodafonе во Индија ќе се соедини со ривалот Idea Cellular

Vodafonе во Индија ќе се соедини со ривалот Idea Cellular

A man speaks on his mobile phone next to a Vodafone advertisement in Kolkata

Британски „Vodafonе“ објави дека преговара за соединување на својата индиска подружница со ривалот „Idea Cellular“.

Договорот, кој би требало во целот да биде финансиран од акции, треба да и обезбеди на компанијата да и се спротивстави на жестоката конкуренција на пазарот, јавува агенциајта „Ројтерс“.

Трите водечки индиски мобилни оператори, „Bharti Airtel“, „Vodafone“ и „Idea Cellular“ се погодени со влезот на пазарот на „Jio Infocomm“, новиот оператор кој е во сопственост на милијардерот Мукеш Амбани, кој го потресе пазарот нудејќи им на купувачите бесплатни гласовни пораки и база на податоци.

Во краткото соопштение, „Vodafonе“ наведе дека е во преговори со матичната компанија „Ideа Cellular“, на конгломератот „Aditya Birla Group“.

Британскиот телекомуникациски гигант наведе дека соединувањето вклучува емисија нови акции на „Ideа“ зa „Vodafonе“ и дека компанијата ќе се издвои од својот состав „Vodafonе“ Индија.

Акциите на „Vodafonе“ забележаа раст од 3,9 отсто, откако компанијата објави дека овој договор ќе овозможи да се деконсолидира имотот на „Vodafonе“ Индија, односно да се исклучи од своите книги, и дека ќе добиваат дивиденда од новонастанатата комбинирана групација.

Аналитичарите, меѓутоа, предупредуваа дека оваа стратегија ќе повлече трошоци, бидејќи „Vodafonе“ беше принуден да отпише 5,0 милијарди долари во индиското работење во минатата година поради зголемената конкуренција во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП