4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba подготвува измени, со продажба ќе се покрива минусот

Toshiba подготвува измени, со продажба ќе се покрива минусот

AA-Stock-Toshiba-840x560

Јапонската корпорација „Toshiba“ најави дека бизнисот со мемориски чипови ќе го издвои во независна компанија.

Како што наведоа, мал сопственички удел во таа нова компанија ќе се продаде, јавува британскиот јавен сервис BBC.

„Toshiba“ ќе продаде помалку од 20 проценти од акциите во бизнисот со чипови со цел да собере средства за покривање на големата загуба која ја претрпе поради преземањето на една компанија од секторот за нуклеарна енергија во САД, извести јапонската агенција Кјодо повикувајќи се на неименувани извори.

„Ќе направиме се што е потребно, дури и докапитализација“, изјави генералниот директор на компанијата, Сатоши Цунакава.

„Toshiba“, како некогашен столб на корпоративна Јапонија, беше потресена со бројни проблеми, од кои можеби најголем беше сметководствениот скандал кој откри повеќегодишни местења на деловните резултати со цел прикривање на слабите финансиски резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП