20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на годишниот профит на Ericson, ја намалува дивидендата

Пад на годишниот профит на Ericson, ја намалува дивидендата

ericsson-ceo

Профитот на шведскиот производител на телекомуникациска опрема „Ericsson“ минатата година опадна поради слабата побарувачка за мобилен широкопојасен интернет на пазарите во развој кои беа погодени со економската криза.

Во целокупната мината година, „Ericsson“ прокнижи нето добивка од 1,9 милијарди круни (200 милиони евра), што е за 86 проценти помалку во однос на 2015 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Таквите резултати се последица на слабата продажба и трошоците за реструктуирање во износ од 7,6 милијарди круни.

Приходите од продажбата минатата година паднаа за десет проценти, на 222 милијарди круни, додека само во четвртиот минатогодишен квартал, компанија прокнижи загуба од 1,6 милијарди круни во однос на профитот од 7 милијарди круни во истиот период во 2015 година.

„Ericsson“, исто така, најви дека за прв пат од 2008 година, ќе ја намали дивидендата од 3,7 круни на 1,0 круни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП