22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на продажбата и профитот на Boeing во 2016-та година

Пад на продажбата и профитот на Boeing во 2016-та година

boeing sale33

Продажбата и профитот на „Boeing“ се намалени минатата година поради послабата продажба на нејзините воени авиони, пишува „ВВС“.

Водечкиот производител на авиони во светот има постигнато продажба за 94.6 милијарди долари – пад за 2%, а нето профитот достигна 4.9 милијарди долари, што е пад од 5%. Очекувањата се приходите на компанијата да се намалат уште во 2017-та година до 92.5-90.5 милијарди долари.

Но „Boeing“ очекува исто така да испорачува повеќе комерцијални авиони и да ги подобри своите приходи по акција.

„Гледајќи напред, нашиот тим смета да се забрза ефикасноста и спроведувањето на програмата“, рече претседателот и генерален директор на компанијата Денис Муиленберг.

Минатата година „Boeing“ извршила испорака на 748 комерцијални авиони – пад во однос на 762 летала во 2015-та година, но и покрај тоа тврди дека го задржа водството на пазарот веќе петта година по ред.

Компанијата испорачала и помалку воени машини, првенствено новиот хеликоптер „CH-47 Chinook“ и ловците „F-18“/„A-18“, а продажбата во делот се намали за 7%. Приходите во вселенскиот оддел и одделот Услуги на „Boeing“ исто се намалени поради слабата побарувачка на сателити и модернизацијата на авионите.

Генерално, сепак профитот на компанијата се зголемила за 59% во четвртиот квартал од годината во позадина на зголемувањето на побарувачката на нејзините трговски авиони. „Boeing“ прогнозира поголеми испораки на комерцијални авиони во оваа година со меѓу 760 и 765 авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП