21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови 700 откази во Microsoft

Нови 700 откази во Microsoft

microsoft-logo

Во наредните неколку недели Microsoft ќе отпушти околу 700 вработени.

Овие работници се дел од групата од 2.850 вработени кои Microsoft ќе ги отпушти во текот на 2017 година. Ако се гледа по вкупниот број на вработени од 113.000, колку што има на Microsoft, тогаш 700 не е голема бројка, но 2.850, секако не е занемарлива. Вработените секако се загрижени за пошироката последица од почетокот на големи отпуштања во Microsoft.

Намалувањето на работните места ќе ги погоди различни работни места во рамките на компанијата, вклучувајќи ја и продажбата, а интересно е тоа што доаѓа откако компанијата неодамна го реорганизираше и консолидираше системот на продажба и партнерските системи. Сепак, Microsoft во фискалното поднесување тивко објави дека оваа година ќе бидат отпуштени 2.850 работници, заклучно со 30 јуни, 2017 година.

Минатата година, Microsoft отпушти 1.850 работници. Mikrosoft постепено го спроведува својот план за големи отпуштања во рамките на компанијата, а Business Insider објави дека 700 вработени ќе бидат отпуштени уште оваа недела.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП