13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвтомобил од Македонски Телеком за корисник од Куманово

Автомобил од Македонски Телеком за корисник од Куманово

Foto

  • Јетмир Рушити денеска ги доби клучевите од „Volkswagen UP“, главната награда од припејд наградна игра
  • Покрај автомобилот, во текот на наградната игра секој ден се доделуваше по еден Huawei P9 Lite смартфон, како дневна награда

Јетмир Рушити од Куманово е среќниот добитник на автомобилот „Volkswagen UP“, главната награда од припејд наградната игра која што ја организираше Македонски Телеком. Клучевите од автомобилот му се врачени на Рушити коjшто не ја криеше својата среќа и задоволство од наградата.

„Редовно учествувам во наградните игри кои што ги организира Македонски Телеком, но за прв пат добивам награда. Во текот на наградната игра, дополнив ваучер 4-5 пати и искрено не очекував дека токму јас ќе го добијам автомобилот. Ова беше големо изненадување за мене и мојата сопруга. Немаме сопствен автомобил и оваа награда е повеќе од добредојдена за семејството“, изјави денеска младиот Рушити при врачувањето на клучевите од автомобилот, којшто е корисник на услугите на Македонски Телеком веќе 12 години.

fo

Припејд наградната игра се организираше за сите нови и постојни припејд корисници, во периодот од 21 октомври минатата година, па се до 9 јануари  годинава. Извлекувањето на главната награда беше на 10 јануари. Освен главната награда „Volkswagen UP“, додека траеше играта секој ден се доделуваше и по еден смартфон Huawei P9 Lite.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП