17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo под лупа: Зошто молчел за двете големи кражби?

Yahoo под лупа: Зошто молчел за двете големи кражби?

67817970958863cee7eef9617095182_w640

Американската комисија за хартии од вредност и берза отвори истрага против Yahoo за да утврди дали оваа компанија требала порано да извести за двете големи кражби на податоци.

SEC во декември побара од технолошките компании документација која се однеусва на сајбер нападите, бидејќи, според американскиот занок, компаниите-жртви на таквите напади се должни што побрзо да достават информации, бидејќи таквите напади обично влијаат на вредноста на акциите на компанијата, пишува Волстрит Журнал, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Yahoo соопшти во септември дека хакери во 2014 година украле лични податоци на повеќе од 500 милиони негови корисници, за во месец декември да признае уште еден напад кој датира од 2013 година, а кој погодил повеќе од милијарда корисници, пренесува агенцијата Франс прес.

Истрагата на SEC се фокусира на тоа зошто на Yahoo му биле потребни толку години да ги открие нападите од 2013 и 2014 година.

Како што потсетува АФП, Yahoo во моментов е во процес на преминување во рацете на компанијата Verizon.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП