20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Црно на бело“ од Лидија Димковска преведена на повеќе јазици

„Црно на бело“ од Лидија Димковска преведена на повеќе јазици

lidija-696x392

Неполна година од објавувањето на последната поетска збирка на Лидија Димковска „Црно на бело“ (Или-Или, Скопје), песните од збирката се препеани и објавени на повеќе од десет јазици.

На англиски во препев на Љубица Арсовска и Патриша Марш излегоа во американското списание „Светската книжевност денес“ заедно со поголемо интервју со Димковска, како и во американските списанија за литература „Поетри интернешнл“ и „Плам“; на германски во препев на Алекдандер Зицман во австриското списание „Манускрипте“ и во антологијата „Берлин чита“, на полски во препев на Данута Ќирлиќ Страшинска во книжевното списание „Подглад“ и во антологијата на европската поезија „Дрвото на мирот зазеленува“ како и во препев на Марлена Зинглер во „Лиридрам“.

На словенечки во препев на Алеш Мустар во „Содобност“, „Литература“ и на „Словенечкото радио“; на бугарски во препев на Роман Кисјов во антологијата на современата македонска поезија „Портал на сонцето“; на холандски во препев на Рул Шоут во зборникот на меѓународниот поетски фестивал „Поети во Принсентун“; на корејски во препев на Ханјонг Јеонг во „Поемкафе“; на романски во препев на Јоана Јероним во „Литернет“ каде што беа песни на седмицата; на шпански во препев на Г.Леогена во книжевното списание „Калета“; на босански во препев на Сеида Бегановиќ во антологијата „Поетести од регионот“.

Поголем циклус од збирката е објавен во препев на српски на Душко Новаковиќ во изборот од поезијата на Димковска „Најблиску до најдалечното“ кој пред кусо време беше објавен во српската издавачка куќа „КОВ“, како дел од „Европската награда за поезија Петру Крду“.

Наскоро повеќе песни од „Црно на бело“ ќе излезат и во препев на француски на Марија Бежановска во француското списание „Ла традуктиер“.

Збирката во целост годинава ќе биде објавена во препев на словенечки јазик во издавачката куќа „Цанкарјева“ во Љубљана, а се најавуваат можности и за публикување на англиски во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП