28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на цената од 16% забележаа акциите на Toshiba

Пад на цената од 16% забележаа акциите на Toshiba

toshiba-logo-official

Акциите на јапонската технолошка компанија „Toshiba“ ја намалија вредноста до најниско ниво од мај наваму, откако се појавија гласини дека загубата на нејзиниот бизнис со нуклеарна енергија може да го надмине максималниот износ од 500 милијарди јени (4,4 милијарди долари), кои компанијата ги посочила пред кредиторите.

Компанијата побара финансиска поддршка од Јапонската банка за развој и бара помош и од други кредитори, пишува локалниот весник „Nikkei“, повикувајќи се на анонимни извори запознаени со прашањето. Новинската агенција „Kyodo“ истакнува дека загубата може да достигне 700 милијарди јени.

„Toshiba“ забележа голема загуба во врска со стекнувањето на американската компанија која што работи во областа на нуклеарната енергија. Акциите на компанијата ја намалија својата вредност за 16% до 242 јени во Токио при завршувањето на берзанската трговија. Компанијата објави официјално дека се уште ги пресметува трошоците.

Со падот од денешниот ден вредноста на „Toshiba“ е половина од онаа, која компанијата ја постигна во средината на декември, кога ги изненади инвеститорите со веста за отпишувањето на милијарди долари заради стекнувањето. Неочекуваниот потег следува по сметководствениот скандал од 2015-та година, кој ја доведе компанијата до рекордна загуба и ја принуди да го скрати бројот на вработени и да продаде дел од својот бизнис. Претходно „Toshiba“ најави дека размислува зајакнување на својата единица за чипови, за да собере повеќе средства.

Покрај тоа, компанијата размислува да продаде дел од своите средства, вклучувајќи удел од операциите поврзани со чипови, за да собере 300 милијарди јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП