27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba стана главен спонзор на Олимписките игри

Alibaba стана главен спонзор на Олимписките игри

Alibaba-Group-Holding-Ltd-1

Кинеската компанија специјализирана за интернет трговија Alibaba стана главен спонзор на Олимписките игри до 2028 година, по потпишувањето на договор со Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Alibaba со овој договор се придружи на 12 други мултинационални компании, кои се со статус на најголеми спонзори на ОИ.

Финансиски детали за договорот не се објавени, но според извори од МОК за статус на генерален спонзор секоја компанија мора да издвои околу 100 милиони долари во еден олимписки циклус.

Една од причините за влез на Alibaba во олимпиското семејство е сигурно таа што следните три Олимписки игри ќе се одржат на азискиот континент, ЗОИ 2018 во Пјонгчанг, ОИ 2020 во Токио и ЗОИ 2022 во Пекинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП