28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОбичниот аспирин ги решава сите проблеми со кожата: После три примени, брчките...

Обичниот аспирин ги решава сите проблеми со кожата: После три примени, брчките и акните исчезнуваат!

aspirin-lice-1

Употребете ја оваа магична таблета на еден од овие три начини и конечно ќе им кажете збогум на несовршеностите на вашето лице.

Нема личност која не посакува да има младолико и мазно лице во секој период од животот, но ваквата идеја за повеќето луѓе е недостижна фантазија.

Сепак, се чини дека постои решение кое им е достапно на сите, а може да биде и вашето тајно оружје против стареењето на кожата. Станува збор за обичен аспирин.

Покрај широката примена во медицински цели, малку е познато дека аспиринот може да ви помогне да постигнете убава, блескава и здрава кожа, без брчки, акни и други несовршености.

Само треба да го користите на следните три начини (не на сите три, одберете го оној кој најмногу ви одговара) и ќе се уверите самите и тоа после само три примени!

Маска со аспирин и лимон

Состојки: 3 аспирини, 3 лажици сок од лимон.

Подготовка: Растопете го аспиринот во лимоновиот сок и измешајте така да добиете паста. Измијте го лицето со чиста вода, нанесете ја пастата и оставете да отстои 10 минути. После тоа отстранете ја маската со доста вода.

Маска со аспирин, јогурт и мед

Состојки: 5 аспирини, лажица јогурт, половина лажица мед.

Подготовка: Издробете ги таблетите аспирин и измешајте ги со медот и јогуртот, така што ќе добиете хомогена смеса. За оваа маска да делува, потребно е прво да ставите чиста памучна ткаенина натопена со топла вода на лицето, за порите да се отворат. Потоа почекајте лицето да ви се исуши, па нанесете ја маската и оставете да делува 30 минути. Измијте го лицето со топла вода.

Пилинг со аспирин

Состојки: 3 аспирини, 3 лажици млака вода.

Подготовка: Растворете го аспиринот во млака вода и ќе добиете паста. Нанесете ја на чисто лице, оставете да делува 10 минути, па отстранете го пилингот со чиста, студена вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП