7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJaguar Land-Rover и Rolls-Royce со рекордни продажби во 2016-та година

Jaguar Land-Rover и Rolls-Royce со рекордни продажби во 2016-та година

jagi33

„Jaguar Land-Rover“ (JLR) и „Rolls-Royce Motor Cars“ забележаа поголема продажба во 2016-та година, пишува „BBC“.

„Rolls-Royce“ продал 4.011 возила минатата година, што претставува 6% зголемување во однос на претходната година, како и втората рекордна продажба во 113-годишната историја на марката.

Во исто време „Jaguar Land-Rover“ продал рекордни 583.312 возила во 2016-та година, а нивниот број е за 20% поголем во споредба со 2015-та година. Зголемувањето на продажбата се должи делумно на силната побарувачка на новиот модел – „F-PACE“.

Продажбата на луксузните „Jaguar“ модели се зголемиле за 77% во минатата година до 148.730 автомобили.

Извршниот директор на „JLR“, Ралф Спет изјави минатата година дека компанијата сака да го удвои производството од 500.000 на еден милион автомобили годишно, но истакна дека тоа зависи од владината поддршка.

Од своја страна, извршниот директор на „Rolls-Royce“, Торстен Милер-Отвос објасни за „BBC“ дека растот во продажбата одразува подобрување во глобалниот пазар на луксузни стоки во целина.

Луксузниот производител на автомобили, сопственост на „BMW“, ужива рекордни продажби во САД, Јапонија, Велика Британија и Германија. Единствениот пазар, каде условите беа тешки во изминатата година, е Блискиот Исток.

„Таму побарувачката на луксузни стоки беше под притисок на економската и политичката несигурност“, изјави Милер-Отвос.

„Rolls-Royce“, исто така, ги потврди плановите да го прошири својот технолошки и логистички центар во Богнер Реџис, кој се наоѓа во близина на производниот центар во Гудвуд, Западен Сасекс, во 2017-та година со околу 10.000 квадратни метри, за да одговори на зголемената побарувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП