21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai Ioniq – скутер за „носење“ (фото+видео)

Hyundai Ioniq – скутер за „носење“ (фото+видео)

nosenje-skuter

„Hyundai“ претстави лесен електричен скутер кој едноставно може да се склопи, да се стави под пазуви и да се носи со себе кога не е во функција.

По лансирањето на моделот на електричниот модел „Ioniq“, „Hyundai“ го искористи Меѓународниот саем за електроника (CES 2017) во Лас Вегас да го претстави концептниот функционален скутер кој за погон исто така користи електрична енергија.

nosenje-skuter1

„Ioniq“ скутерот е наменет за корисниците кои живеат и работат во урбаните средини, а на кои по возењето со метро им преостанува уште 1-1,5 km до крајната цел.

nosenje-skuter2

Исто така, овој скутер може да го користат и возачите на автомобили кои своето возило го паркираат во јавна гаража, а притоа им е потребно уште километар-два до работа.

nosenje-skuter3

Скутерот на струја „Hyundai“ е конструиран така што може да се смести во електричната верзија на автомобилот „Ioniq“, незаземајќи многу место. На тој начин, на возачот скутерот ќе му биде секогаш при рака, кога ќе му затреба.

nosenje-skuter4

Кога е склопен во своето лежиште во автомобилот, скутерот автоматски се дополнува со струја со цел постојано да биде подготвен за употреба.

Предвидено е возачот да ја котролира брзината додавајќи „гас“ или сопирајќи со помош на мал контролен дисплеј чувствителен на допир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП