
Германскиот авиопревозник „Lufthansa“ има намера оваа година да отвори околу 3.000 нови работни позиции.


Германскиот авиопревозник „Lufthansa“ има намера оваа година да отвори околу 3.000 нови работни позиции.
За различните авиокомпании во групата се бараат 2.200 хостеси и стјуарди, соопшти Концернот, цитиран од „AFP“.
Околу 1.400 нови вработени со оваа професија треба да се распределат во хабови во Франкфурт на Мајна и Минхен. Според портпарол на концернот околу 300 нови вработени ќе бидат назначени и во компаниите подружници, „Eurowings“ и „Austrian Airlines“, вклучувајќи и пилоти.
Во „Swiss“ се планирани односно 500 нови вработувања, а кај „Lufthansa“ 1500 од кои околу една третина од нив во „Lufthansa Technik“.
Кон крајот на 2016-та година „Lufthansa“ имаше повеќе од 120.000 вработени.