2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFiat го комплетира купувањето на Chrysler во мај

Fiat го комплетира купувањето на Chrysler во мај

fiat-chrysler

„Fiat“ би можел да биде во позиција да го комплетира купувањето на „Chrysler“ веќе во мај. Италијанскиот гигант веќе поседува 58.5 проценти од „Chrysler“, додека преостанатиот дел на американскиот производител го контролира „VEBA“- пензиски фонд на синдикатот на работниците во компанијата.

Според некои извори се наведува дека „Fiat“ е во преговори за обезбедување на банкарска гаранција во износ од 4 милијарди долари за откуп на уделот на „VEBA“ во „Chrysler“. „Fiat“ така би можел да поседува 100 проценти од уделот во американската компанија до мај, а целата работа би била завршена во јули.

„Fiat“ константно го зголемува својот удел во „Chrysler“, додека нејзиниот директор Серџио Маркионе не ја криеше желбата во целост да ги интегрира двете компании.

Меѓутоа патот на „Fiat“ кон 100 проценти сопственост над „Chrysler“ во претходните месеци беше стопиран поради несогласувањата на двете сопственички страни околу вредноста на компанијата, па поради тоа целиот случај заврши на суд. „Fiat“ имаше опција да откупи 3.3 проценти од уделот на „Veba“, но двете страни имаа различно мислење околу вредноста на уделот. Италијанскиот гигант нудеше 150 милиони долари, додека другата страна тврдеше дека таа вредност изнесува 342 милиони долари. Преостанатите 41.5 проценти од „Chrysler“ кои се во соптвеност на „Veba“ се проценети од 3.5 до 4 милијарди долари. Накрајот доколу не дојде до договор меѓу двете страни, „Veba“ својот удел ќе го понуди на јавна продажба се со цел да ја обезбедат највисоката цена за својот удел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП