18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИE.ON планира намалување на работни места

E.ON планира намалување на работни места

eon999

Германскиот енергетски концерн „E.ON“ планира да скрати дел од административните работни места како дел од напорите за намалување на трошоците за 400 милиони евра, изјави главниот извршен директор Јоханес Тајсен за весникот „Rheinische Post“, цитиран од агенциите.

„Врз основа на нашите претходни искуства 50% од заштедите при слични програми за ефикасност доаѓаат од трошоци за персонал и 50% од трошоците за материјали“, вели тој во интервјуто, додавајќи дека компанијата е во процес на одредување колку работни места ќе треба да бидат скратени.

Според него засегнатиот персонал ќе биде во седиштето на компанијата во Есен, каде во централната администрација работат околу 600 лица. Тејсен рече уште дека „E.ON“ ја разгледува можноста дали може да ги зајакне ефикасноста и на подружниците и на споделените центри за услуги.

На прашањето дали може да ги исклучи како можност принудните отпуштања тој изразува убеденост дека во 2017-та година ќе се најдат фер одлуки.

Минатиот месец „E.ON“ ја забележа својата трета рекордна загуба по многу години, како последица од отпишувањето во „Uniper“ – делот за електроцентрали и енергетска трговија што се оддели во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП