25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Роснефт“ и BP ќе регулираат заеднички бизнис во Германија

„Роснефт“ и BP ќе регулираат заеднички бизнис во Германија

rosfi33i

Рускиот нафтен концерн „Роснефт“ ќе оперира веќе целосно самостојно со бизнисот со рафинерии во Германија.

Поделбата на заедничкото претпријатие „Ruhr Oel“ со британскиот гигант „BP“ веќе постои една и пол година, објави во соопштението „Роснефт“. Руската компанија ќе создаде специјална подружница за бизнис во најголемата европска економија – „Rosneft Deutschland“, пренесува „Ројтерс“.

Во 2011-та година, Русите добија 50 отсто во „Ruhr Oel“, најголемиот преработувач на нафта во Германија. Сега „Роснефт“ и „BP“ ќе ги споделат инвестициите во рафинирањето во Германија. На овој начин „Роснефт“ ќе држи 12% од германскиот бизнис со рафинерии и со капацитет за пренос на 12,5 милиони тони годишно и ќе биде третата по големина компанија во секторот.

„Роснефт“ ќе стане и директен акционер во рафинеријата „Bayernoil“, зголемувајќи го уделот од 12,5 отсто до 25 отсто. Рускиот концерн ќе го зголеми и уделот во рафинеријата „MiRO“ од сегашните 12 отсто до 24 отсто, како и учеството во трета рафинерија – „PCK“ до 54,17 отсто од сегашните 35,42 отсто.

За делот во општото друштво, „BP“ ќе преземе 100% контрола над рафинеријата во Гелзенкирхен и во „DHC Solvent Chemie“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП