8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAкциите на Toshiba паднаа за 40 проценти

Aкциите на Toshiba паднаа за 40 проценти

Toshiba1999

Цените на акциите на јапонскиот индустриски гигант Toshiba, паѓаат трет ден по ред. Утрово вредноста на Toshiba е намалена за 40 отсто во однос на 26 декември.

На берзата во Токио акциите на Toshiba накратко беа во минус 26 отсто, но во текот на денот закрепнаа и тргувањето го затворија со губиток од 17 отсто. Акциите на Toshiba во средата ослабеа за 20 отсто, а за 12 отсто во вторникот.

Проблемите на Toshiba настанаа како резултат на нејзиното работење во секторот на нуклеарната енергија, кои сочинуваат една третина од приходите. Всушност, вчера компанијата соопшти дека можеби ќе треба да отпише милијарди долари поради превземањата која ја имала нејзината подружница Westinghouse Electric, поради завршетокот на два погони во САД со најновата генерација на реактори.

Тие проекти “Southern Co” и “SCANA Corp”, со години доцнат надминувајќи го предвидениот буџет за повеќе од милијарда долари.

Проширувањето на нуклеарката “Southern” во Џорџија и Јужна Каролина се гледа како на дел од преродбата на американската атомска индустриска енергија, која немаше ниеден нов лиценциран реактор во текот на три децении.

Сепак, проширувањето на овие проекти, после нуклеарната катастрофа во Фокушима и наливот на евтиниот приоден гас кој ја обори цената на струјата во САД, ги направија новите реактори многу скапа и ризична инвестиција.

“Ова е само уште еден потсетник за тоа колку е тешко да се предвиди колку новите проекти ќе чинат”, изјави Кит Конолиџ, аналитичар за комунални услуги, додавајќи дека “тоа само ги зголемува пречките за секој нов проект за изградба на нуклеарни централи во САД”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП