2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQualcomm заработи глоба од 854 милиони долари

Qualcomm заработи глоба од 854 милиони долари

qual3399

Антимонополските регулатори во Јужна Кореја го казинија „Qualcomm“ со 1,03 илјади милијарди вона (854 милиони долари) за нечесни бизнис практики поврзани со лиценцирањето на патенти и во продажбата на чипови за модеми. Од своја страна, американскиот производител на чипови изјави дека ќе поднесе жалба на одлуката на судот, пренесува „Ројтерс“.

Казната е најголемата која досега е наметната во Јужна Кореја, и претставува нова антимонополска пречка за најпрофитабилниот дел од бизнисот на „Qualcomm“ – таа со лиценцирањето на патенти за мобилната индустрија. Сето ова се случува во момент во кој технолошката компанија се соочува и со проблеми поврзани со „ладењето“ на пазарот на паметни телефони.

Комисијата за трговија во Јужна Кореја пресуди дека „Qualcomm“ ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот принудувајќи ги производителите на телефони да плаќаат такси за непотребно голем сет на патенти, како дел од продажбата на нејзините чипови за модеми.

Покрај тоа „Qualcomm“ ја попречувала конкуренцијата, така што одбивала или го ограничувала лиценцирањето на стандардни важни патенти поврзани со соодветните чипови на конкуренти како „Intel“, „Samsung Electronics“ и „MediaTek“, посочува регулаторот.

Тој нареди „Qualcomm“ да преговара со добра волја со конкурентските производители на чипови и да има предоговори на договорите со производителите на смартфони, ако тоа се побара од неа. Ова може да влијае на односите на „Qualcomm“ со големи технолошки играчи како „Apple“, „Intel“, „Samsung“ и „Huawei Technologies“.

Регулаторот вели дека ја започнал истрагата за практиките на „Qualcomm“ уште во 2014-та година по поплаките од претставниците на индустријата, но не откри кои точно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП