22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на недвижности во светот се зголемиja за 5%

Цените на недвижности во светот се зголемиja за 5%

imotkite-00

Цените на станбени имоти на клучни локации во светот се зголемиja за 5,3% во последните 12 месеци до септември 2016-та година, а како најдобар е растот во Турција, покажува последниот глобален индекс на „Knight Frank“.

Во Турција цените се зголемиле за 13,9% на годишна основа, а зад неа се Нов Зеланд со 13.5% и Исланд со 12.9%.

Насекаде индексот ги регистрира највисоките нивоа за последните две години, па раст има во 44 од 55 набљудувани земји. Стапката на раст, сепак се забавува. Пред три години 22% од земјите запишуваат двоцифрен годишен раст на цените, но денес само 9% спаѓаат во овој опсег.

imotkite-01

И покрај резултатите од референдумот во Британија, цените на недвижностите останаа отпорни, а недостатокот на понудата и ниските хипотекарните стапки го поддржаа нивниот раст. Според индексот средните цени на становите се зголемија за 1,3% во првите три месеци по референдумот и со 5.4% на годишна основа.

Во САД цените ги достигнаа предкризисните нивоа од 2006-та година. Очекувањата дека по претседателските избори растот ќе се забави, не се потврдени. Порастот во септември со 0.8% е најголемиот месечен раст од август 2013-та година, кој придонесува за годишното зголемување за 5.5%.

Подемот на цените во Кина и Хонгконг предизвикаа нови регулации и даноци со цел контрола на инфлацијата. Во најголемите градови на Кина се забележува пораст во цените со до 9.3% на годишна основа, а причина за тоа е во недоволната понуда и високата побарувачка.

imotkite-02

Од септември во над 20 кинески градови се воведени нови мерки насочени кон ладење на растот на цените.

Иако цените на куќите во Хонг Конг паднаа со 5,5% на годишна основа, тие се зголемија за 4,8% меѓу јуни и септември.

Според извештајот на „Knight Frank“ пристапноста ги натера властите да дејствуваат брзо, зголемувајќи ја обаврската до 15% за домашни и странски лица, со исклучок на првите купувачи на станови.

imotkite-03

Според прогнозите 2017-та година ќе биде под влијание како на економски, така и на политички фактори што ќе ја стимулира фискалната, а не монетарната политика.

„Тоа значи дека ниски цени најверојатно во Европа, но зголемувањето во САД ќе доведе до зајакнување на доларот, што ќе влијае на светските капитални текови и новите пазари“, коментира Кејт Еверет-Ален, шеф на меѓународните студии во „Knight Frank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП