25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBritish Airways го одложи штрајкот на вработените

British Airways го одложи штрајкот на вработените

bacrew22

Британската авиокомпанија „British Airways“ го одложи штрајкот на својот авионски персонал кој беше закажан за божиќните празници.

Компанијата има обезбедено нова понуда која треба да се гласа од вработените, соопштува Синдикатот „Unite“ во Лондон. Затоа претходно планираниот штрајк се одложи за некое време.

Двете страни преговараат за платите на вработените кои работат за компанијата од 2010-та година. Во моментов тие заработуваат помалку од нивните колеги.

Според синдикатот британската авиокомпанија објавила слободни места за вработени со годишни плати од 21 илјади до 25 илјади фунти (околу 25 илјади до 29 илјади евра). Во реалноста, сепак многу од вработените добиле почетна плата од не повеќе од 12 илјади фунти годишно и по 3 фунти за час летање. Затоа според податоците на синдикатот голем број вработени биле принудени да прифатат и дополнителна работа, за да врзат крај со крај, а други оделе на работа дури болни. Тоа, според „Unite“, крие и ризик за безбедноста на летовите.

Пред една недела синдикатот „Unite“ соопшти дека неговите членови едногласно гласале да прекинат со работа на 25-ти и 26-ти декември поради спор за плаќањето на нивниот труд. Огромен дел од вработените на екипажите (речиси 84%) тврдат дека се подложени на постојан стрес и депресија по започнувањето на работа во компанијата, пред се поради високиот обем и ниските финансиски услови во кои работат, се вели во соопштението на синдикатот.

Во соопштението на „British Airways“ по тој повод се користеа остри критики, како „препресметан, бездушен и целосно непотребен протест“. Авиокомпанијата тогаш изјави дека ќе стори се што е можно нејзините клиентите да летаат“, за да не пропаднат нивните божиќни планови“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП