2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing вети цена пониска од 4 млрд долари за претседателскиот авион

Boeing вети цена пониска од 4 млрд долари за претседателскиот авион

boeing akcii

Извршниот директор на американскиот производител на авиони „Boeing“ Денис Муиленбург му вети избраниот американски претседател Доналд Трамп дека цената на новиот претседателски авион, поради која Трамп се закани со откажување на нарачката, ќе биде помала од 4 милијарди долари.

Во средата во своето летувалиште Мар-а-Лаго крај Палм Бич на Флорида, Доналд Трамп разговараше со Денист Муиленбург од „Boeing“ и со Мерилин Хевсон од компанијата „Lockheed Martin Corp.“, пренесува Reuters.

„Ќе го направиме за помалку од четири милијарди долари“, изјавил по средбата челникот на „Boeing“.

Откако победи на претседателските избори на 8-ми ноември, Трамп предизвика полемика кога на Twitter напиша „Откажете го“, бидејќи цената поголема од 4 милијарди долари за новиот авион „Air Force One 747“ за идните американски претседатели ја сметаше за превисока.

Од „Boeing“изјавија дека досега само го исполнувале 170-милионскиот договор со министерството за одбрана по процените на можностите и спецификациите на новиот авион.

„Се обидуваме да ги намалиме цените. Првенствено за борбените авиони на ‘Lockheed Martin Corp.“ од типот F-35. Таа програма е многу многу скапа“, изјави Трамп по средбата со директорите на производителите и десетина функционери од Пентагон.

Цената на програмата за производство на авионите F-35, кој е во употреба кај маринците и воздухопловните сили, како што се проценува е 400 милијарди долари, поради што го опишуваат како најскап вооружен систем во историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП